Кратки Хорор Приказни

„Не можам да спијам“, ми шепна таа, вовлекувајќи се во креветот со мене. Се разбудив студен, со рацете околу фустанот во кој беше погребана

Последното нешто што го видов беше мојот будилник кој покажуваше 12:07, точно пред таа да ги зарие нејзините долги скапани нокти во моите гради, со другата рака придушувајќи ги моите врисоци. Седнав исправен, благодарен што е само сон. Во истиот момент, погледнав во будилникот кој покажуваше 12:06 и слушнав како се отвара вратата од плакарот.

Жителите на Квезон Сити на Филипините се држат настрана од улицата „Balete Drive“ во вечерните часови. Тие велат дека жена облечена во бело, со долга црна коса и со лице прекриено во крв, стои на сред улица. Возачите секогаш ги пополнуваат сите места во автомобилот со патници, бидејќи се плашат дека доколку едно место остане празно, истото може да го преземе непоканетиот гостин. На фотографиите се гледа само како јако бело светло на патот, а силуетата на жената ѝ е многу малку видлива.

Дајан и Питер Бертелот ја посетиле црквата Вортстед во Норфолк, Англија во 1975 година, со нивниот 12-годишен син. Питер направил фотографија од неговата жена додека се молела на клупата. Кога ја погледнале сликата неколку месеци подоцна, некој нивни пријател ги прашал кој е тој што седи зад Дајан. Мистериозната фигура изгледа како да е облечена во старомодна облека и носи качкет на главата. Збунети од тоа што го виделе, мажот и жената се вратиле во црквата една година подоцна, за да ја покажат нивната фотографија. Тогаш свештеникот им ја раскажал легендата за духот на белата дама, кој ги посетувал луѓето кои се болни и нив ги теши и така ги лекува. Дајан била шокирана кога го слушнала тоа, бидејќи во моментот кога се фотографирала, таа била на антибиотици и не се чувствувала добро. Легендата за Белата дама, е стара повеќе од 100 години. Се смета дека таа се појавува секоја година на Божиќ и црквата во која престојувала, сега е паб кој соодветно е именуван „Белата дама“.

Се возиш во лифт. Погледнуваш нагоре на дисплејот 37... 38... 39... а твојата зграда има само 8 ката.





No comments:

Post a Comment